Меркел: Трагично е што Велика Британија ја напушта ЕУ, но ја почитуваме одлуката на нејзиниот народ

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека излезот (Брегзит) на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) го смета за трагично, но дека заедно со тоа ја почитува оваа одлука на нејзиниот народ

1094618
Меркел: Трагично е што Велика Британија ја напушта ЕУ, но ја почитуваме одлуката на нејзиниот народ

Германската канцеларка Ангела Меркел на одржаниот состанок за претставниците на печатот во Брисел истакна дека состанокот на советот беше историски состанок, а денешниот ден беше историски ден.

Меркел рече дека излезот (Брегзит) на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) го смета за трагично, но дека заедно со тоа ја почитува оваа одлука на нејзиниот народ.

Заблагодарувајќи се до оние кои имаат заслуга во подготвувањето на политичката декларација, Меркел рече: „Ова е историски ден кој стана причина за појава на бројни неизвесни, необјасниви чувства. Трагично е тоа што Велика Британија по 45 години ја напушта ЕУ, но воедно ја почитуваме одлуката на народ на Велика Британија.“

Ангела Меркел укажа на тоа дека постојат потребните гаранции по прашањето на граничната контрола меѓу Северна Ирска и Република Ирска и дека и покрај тоа што Велика Британија ја напушта Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да остане како европска земја.

Таа напомена дека одделувањето на  Велика Британија е жалосно, но дека и постигнувањето на соодветен договор го олеснува тоа.

На едно поставено прашање во однос на тоа што би можело да се случи доколку британскиот Парламент не го одобри договорот за Брегзит,  германската канцеларка АнгелаМеркел рече дека не одговара на шпекулативни прашања.

 



Слични вести