Лидерите на земјите членки на ЕУ го одобрија договорот за Брегзит

Лидерите на Европската унија (ЕУ) на одржаниот самит денеска во Брисел ги одобрија договорот за Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) и политичката декларација која ќе ги определи односите меѓу ЕУ и Велика Британија во иднина

1094541
Лидерите на земјите членки на ЕУ го одобрија договорот за Брегзит

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) ги одобрија договорот за Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) и политичката декларација која ќе ги определи односите меѓу ЕУ и Велика Британија во иднина.

Шефовите на држави и премиери на влади на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во главниот град на Белгија Брисел одржаа самит на кој беа разгледани и се дискутираше за постигнатиот напредок во преговорите за Брегзит кои што продолжуваат  приближно 1,5 години меѓу Европската унија ЕУ и Велика Британија.

Договорот беше потпишан приближно 40 минути по започнувањето на историскиот самит.

Лидерите на земјите членки на ЕУ го потпишаа договорот од 585 страници и ја одобрија политичката декларација која ја поставува рамката на идното партнерство меѓу ЕУ и Велика Британија.

На тој начин лидерите на Европската унија ЕУ) ги одобрија и двата клучни документи за Брегзит, т.ј. излезот н Велика Британија од ЕУ.

Во понатамошниот процес документот за разделба Брегзит составен од 585 страници треба да биде одобрен во Европскиот парламент (ЕП) и Парламентот на Велика Британија.

Велика Британија на одржаниот референдум на 23 јуни 2016 година одлучи да ја напушти Европската унија (ЕУ).

На преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија кои што започнаа во јуни 2017 година страните постигнаа начелен договор на крајот на минатата година Велика Британија да плати висока сума  пари кои што произлегуваа од нејзините верувања за буџетот на ЕУ, како и во однос на низа други прашања меѓу кои и за граѓанските права.

Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската унија (ЕУ) на 29 март 2019 година.

 



Слични вести