Лидерите на ЕУ објавија завршна декларација од историскиот самит во Брисел

Во завршната декларација се апелира до Европската комисија (ЕК) и Европскиот парламент (ЕП) да се преземат потребите чекори за да се обезбеди договорот да стапи во сила на 30 март 2019 година

1094598
Лидерите на ЕУ објавија завршна декларација од историскиот самит во Брисел

Советот на Европската унија (ЕУ) соопшти дека се одобрени договорот за Брегзит (излез на Велика Британија од (ЕУ) и политичката декларација која ќе ги определи односите меѓу Велика Британија и Унијата во иднина, а воедно упати повик до Европската комисија (ЕК) и Европскиот парламент (ЕП) да ги фрли неопходните чекори по ова прашање.

Во усвоената завршна декларација во рамките на одржаниот лидерски самит на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека Советот на Европската унија го одобри договорот со кој што се овозможува Велика Британија и Северна Ирска да ја напуштат Унијата.   

Во завршната декларација се апелира до Европската комисија (ЕК) и Европскиот парламент (ЕП) да се преземат потребите чекори за да се обезбеди договорот да стапи во сила на 30 март 2019 година.

Се истакнува дека Советот на Европската унија (ЕУ) ја одобри и политичката декларација која ќе ја определи рамката на односите кои што ќе се градат во иднина со Велика Британија и Северна Ирска, а воедно се вели дека ЕУ е одлучна да воспостави колку што е можно блиски односи со Велика Британија, во иднина.

Се предвидува текстот на договорот за разделба подготвен од страна на преговарачите на Европската унија (ЕУ) и Велика Британија и одобрен денеска, да обезбеди правна јасност во однос на сите прашања кои што ќе произлезат на крајот на Брегзит.

Со договорот се има за цел да им се овозможи на граѓаните на Европската унија (ЕУ) и Велика Британија взаемно како и претходно да продолжат да живеат, да работат, да добиваат образование и да ги користат социјалните права во земјите во кои престојуваат.

Во договорот се укажува на тоа дека дадените финансиски ветувања во минатото како 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) ќе бидат целосно исполнети од страна на Велика Британија и се внесени заеднички решенија во сфери како што се  Европската заедница за атомска енергија (Евроатом), правата на интелектуална сопственост, географските знаци, регистрираните трговски производи и заштитата на личните податоци.

Во договорот се наоѓа и решение за пограничниот проблем меѓу Република Ирска која е членка на Европската унија (ЕУ) и Северна Ирска која е дел од Велика Британија.

Велика Британија со одржаниот референдум на 23 јуни 2016 година донесе одлука за напуштање на Европската Унија (ЕУ) и согласно тоа Таа на 29 март 2019 година официјално ќе ја напушти ЕУ.

 



Слични вести