Во вооружени судири во Јемен загинаа 30 припадници на Хусите

Портпаролот на четвртиот регион од јеменската армија капетанот Мухамед ен-Накиб изјави дека во вооружените судири помеѓу Хусите и јеменските армиски сили во градот Таиз се убиени 30 припадници на Хусите

1093592
Во вооружени судири во Јемен загинаа 30 припадници на Хусите

Во вооружени судири помеѓу Хусите и јеменските армиски сили во градот Таиз во Јемен загинаа 30 припадници на Хусите.

Портпаролот на четвртиот регион од јеменската армија капетанот Мухамед ен-Накиб изјави дека во рамките на операциите кои што ги започнаа јеменските армиски единици врз Хусите во градот Таиз се водат жестоки судири.

Велејќи дека во операцијата се убиени 30 припадници на Хусите, а 6 мина се заробени, Накиб истакна дека од рацете на Хусите биле заземени и некои стратешки места во градот Таиз.

Хусите кои извршија воен удар врз легитимната власт во Јемен каде што долго време владее политичка нестабилност, од септември 2014 година ги држат во свои раце главниот град Сана и некои други области во Јемен.

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија пак од март 2015 година ја поддржуваат јеменската влада против Хусите.



Слични вести