Во експлозија пред верско училиште, медреса загинаа најмалку 25 лица, а 35 лица се ранети

Во областа Долно Оракзаи кај градот Хангу во провинцијата Хајбер-Пухтунхва експлодирала бомба поставена пред вратата на едно верско училиште, медреса и притоа во експлозијата животот го загубиле најмалку 25 лица, а 35 лица биле ранети

1093475
Во експлозија пред верско училиште, медреса загинаа најмалку 25 лица, а 35 лица се ранети

При експлозија на бомба оставена пред вратата на едно верско училиште, медреса во Пакистан според првични претпоставки животот го загубија 25 лица, 35 лица биле ранети.

Според информации споделени од страна на безбедносните сили со локалните медиуми, во областа Долно Оракзаи кај градот Хангу во провинцијата Хајбер-Пухтунхва експлодирала бомба поставена пред вратата на едно медреса и притоа во експлозијата животот го загубиле најмалку 25 лица, а 35 лица биле ранети.

Пакистански безбедносни сили соопштија дека ранетите биле префрлени на лекување во болниците во околните градови, а пред се во градот Кохат.

Местото каде што се случи експлозијата од страна на безбедносните сили е земено под безбедносен обрач.

 

 



Слични вести