Самоубиствен напад во џамија за време на петочната молитва „џума намаз“ во Авганистан

Портпаролот на гувернерот на Хост Талеб Мангал истакна дека напаѓачот ја експлодирал бомбата на себе за време на клањање на петочната молитва „џума намаз“ во Командата и притоа загинале 10 авганистански војници, а 15 војници биле ранети

1093781
Самоубиствен напад во џамија за време на петочната молитва „џума намаз“ во Авганистан

Во реализиран самоубиствен напад за време на клањање на петочата молитва „намаз џума“ во една џамија во Командата на првата бригада во приовинцијата Хост во Авганистан загинаа 10 војници, а 15 војници се ранети.

Портпаролот на гувернерот на Хост Талеб Мангал истакна дека напаѓачот ја експлодирал бомбата на себе за време на клањање на петочата молитва „намаз џума“ во Командата.

Мангал рече дека притоа во самоубиствениот напад загинале 10 авганистански војници, а 15 војници биле ранети.

Како што се дознава здравствената состојба на некои од ранетите војници била тешка.

Засега никој не ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад.



Слични вести