ОН: Ќе прифатиме со задоволство да се спроведе меѓународна истрага за убиството на Кашикчи

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права Елизабет Тросел алудираше на изјавата на високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет која рече дека убиството на Кашикчи (Кашоги) треба да се истражува независно и непристрасно

1093900
ОН: Ќе прифатиме со задоволство да се спроведе меѓународна истрага за убиството на Кашикчи

Обединетите нации (ОН) соопштија дека со задоволство ќе биде прифатено да се поведе меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права Елизабет Тросел за Новинската агенција Анадолија (АА) направи проценка на убиството на Кашикчи (Кашоги).

Правејќи проценка на повиците на Турција за спроведување на независна меѓународна истрага за убиството, Тросел рече: „Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет изјави дека убиството на Кашикчи (Кашоги) треба да се истражува независно и непристрасно, како и да полагаат сметка виновниците кои ги прекршиле човековите права. Освен тоа во процесот треба да бидат вклучени и меѓународни експерти со тоа што ќе им се обезбеди целосен пристап до доказите и сведоците. Тоа ќе го прифатиме со задоволство.“

Портпаролката Тросел подвлече дека треба да се овозможи семејството на Кашикчи и јавноста да ги знаат сите вистини во врска со убиството и дека сигурно треба да се задоволи правдата.

Тросел подвлече дека семејството на Кашикчи (Кашоги) и јавноста треба да ги знаат сите факти за убиството и дека мора да биде задоволена правдата.

На прашањето во врска со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги) рече: „Можеби целиот свет треба да се смета за одговорен, бидејќи светот е валкано место", Тросел одговори: „Убиството на Кашикчи (Кашоги) е крајно шокантно. Затоа ќе продолжиме да го кажуваме тоа дека оваа истрага треба да се спроведува независно и непристрасно.“

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу денеска беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал и овде рече: „ Поради тоа што Саудиска Арабија досега не ни достави информации можеби меѓународната истрага би можела да биде пополезна. Ако започне меѓународна истрага ние како Турција ќе соработуваме“.

Саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври беше ѕверски убиен во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул каде што отиде за да земе документ за венчавка.

 



Слични вести