Мишел Бачелет испрати отворено писмо со предупредување до сите земји во врска со климатските промени

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет испрати отворено писмо со предупредување во кое нагласи дека сите држави во рамките на меѓународното право за човекови права имаат законски обврски за спречување на климатските промени

1093402
Мишел Бачелет испрати отворено писмо со предупредување до сите земји во врска со климатските промени

Високата комесарка на Обединетите нации (ОН) за човекови права Мишел Бачелет пред Конференцијата на ОН за климатски промени што ќе се одржи идниот месец (декември) во полскиот град Катовице испрати отворено писмо до сите држави.

Бачелет во ова нејзино писмо нагласи дека сите држави во рамките на меѓународното право за човекови права имаат законски обврски за спречување на климатските промени.

Нагласувајќи дека милиони луѓе во светот се наоѓаат под закана на климатските промени, Бечелет во нејзиното писмо ги покани земјите кои ќе учествуваат на конференцијата да фрлат чекори против климатските промени за кои што рече дека треба да бидат  „ефикасни, одлучни, итни и на основа на човековите права“.

Таа напиша: „Климатските промени дури и во моментов влијаат на животот на човекот, ефикасното искористување на правата и екосистемите на кои се ослонуваме сите ние и веруваме дека ќе ни помиогнат.“

Привлекувајќи внимание на последиците од климатските промени и глобалното затоплување, Мишел Бачелет го достави и следното преудпредување: „Сите нации, екосистеми, народи и начини на животи лесно би можеле да бидат уништени.“ 

Бачелет нагласи дека сите држави во рамките на меѓународното право за човекови права имаат законски обврски за спречување на климатските промени и намалување на нивните влијанија, а воедно напомена дека доколку не се стапи во акција човештвото ќе претрпи непоправливи штети.

 



Слични вести