Франција донесе забрана за влез за 18 лица поврзани со убиството на новинарот Кашикчи

Во објавеното соопштение од француското министерство за надворешни работи се вели дека Франција воведува забрана за влез во земјата за 18 лица кои се поврзани со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

1093319
Франција донесе забрана за влез за 18 лица поврзани со убиството на новинарот Кашикчи

Франција донесе забрана за 18 лица поврзани со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Во објавеното соопштение од француското министерство за надворешни работи се вели дека Франција воведува забрана за влез во земјата за 18 лица кои се поврзани со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Во соопштението се истакнува дека оваа забрана се однесува за Шенген зоната, а воедно се нагласува дека овие санкции би можеле да бидат преразгледани или проширени согласно текот на истрагата и стои дека Франција посакува да бидат обелоденети сите вистини во врска со убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и дека очекува транспарентен, сеопфатен и детален одговор по ова прашање од Саудиска Арабија.

Во истото соопштение исто така се истакнува дека доколку станува збор за сериозни прекршувања на човековите права Франција заедно со своите европски партнери „работи на санкциите кои што ќе треба да ги воведе Европската унија (ЕУ).“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан завчера во врска со убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги) рече: „И ние согласно нашите знаења (во врска со убиството) на брз начин ќе применуваме низа санкции.“

Пред неколку дена пак и заменик портпаролот на германскиот министер за надворешни работи Кристофер Бургер на состанокот за претставниците на печатот што го одржа во федералниот прес-центар истакна дека е донесена забрана за влез во земјата за 18 лица кои имаат улога во убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Новинарот Кашикчи (Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.

 



Слични вести