Туск соопшти дека е постигната согласност во преговорите за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во постот што го сподели на Твитер напиша: „Им го испратив на 27 земји членки нацртот на политичката декларација со која што се регулираат односите меѓу ЕУ и Велика Британија во иднина“

1093100
Туск соопшти дека е постигната согласност во преговорите за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија

Постигната согласност во преговорите за Брегзит кои што продолжуваат меѓу Европската унија (ЕУ и Велика Британија, во однос на нацрт договорот со кој што ќе бидат одредени меѓусебните односи.

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск во постот што го сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Им го испратив на 27 земји членки нацртот на политичката декларација со која што се регулираат односите меѓу ЕУ и Велика Британија во иднина.“

Туск соопшти дека од страна на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер му било речено дека е постигната принципиелна согласност во преговорите за Брегзит и дека политичката декларација ќе се постави на одобрение на лидерите на земјите членки на Унијата.

Британската премиерка Тереза Меј претходно истакна дека е постигнат напредок во преговорите за Брегзит т.ј. излезот на Велика Британија од ЕУ, но дека не се решени сите проблеми

Минатата недела беше постигнат договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија во нацртот на текстот на договорот за Брегзит т.ј. разделба или одделување на Велика Британија од Унијата, составен од 585 страници, меѓутоа преговорите во врска со политичката декларација со која ќе бидат определени односите во иднина, продолжуваа.

Во меѓувреме, Брисел се подготвува во недела да биде домаќин на специјалниот Самит за Брегзит на кој ќе учествуваат лидерите на Европската унија (ЕУ).

Така се очекува лидерите да го потпишат нацрт договорот за разделба и воедно да ја прифатат „политичката декларација“ со која ќе се определи врската која што ќе биде изградена во иднина меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија.

 



Слични вести