Меркел: Посакуваме по Брегзит Велика Британија да биде во блиски економски односи со Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека посакува по Брегзит Велика Британија да биде во блиски економски односи со Германија

1093239
Меркел: Посакуваме по Брегзит Велика Британија да биде во блиски економски односи со Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот што го одржа во Берлин на манифестацијата насловена како "Ден на работодавачите" во организација на Федерацијата на работодавачите на Германија истакна дека е постигнат значаен напредок во преговорите за Брегзит, но дека особено во Велика Британија ќе се доживеат интензивни дискусии по ова прашање.

Во врска со излезот (Брегзит) на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), Меркел рече: „Тоа е нерегуларен излез, ќе претставува најлош пат од аспект на психолошката состојба и за економијата и за нашите односи во иднина.“

Нагласувајќи дека ќе направи се што е во нејзина можност за да се оствари Брегзит со постигнување соодветен договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија, Меркел напомена дека посакува по Брегзит Велика Британија да биде во блиски економски односи со Германија.

Ангела Меркел истакна дека извор на просперитетот за нејзината земја е ЕУ и рече: „За да се зачува овој извор треба да му се придадат нови работи.“

Осврнувајќи се и на трговскиот спор помеѓу САД и Кина, Таа потсети дека поради ова недоразбирање и германските набавувачи чувствуваат недоверба.

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека посакуваат да не дојде до оваа недоверба и додаде дека со САД разговарале отворено за се по ова прашање.

 



Слични вести