Меј: На преговорите за Брегзит е постигнат напредок, но не се решени сите проблеми

Британската премиерка Тереза Меј истакна дека е постигнат напредок во преговорите за Брегзит т.ј. излезот на Велика Британија од ЕУ, но дека не се решени сите проблеми

1092717
Меј: На преговорите за Брегзит е постигнат напредок, но не се решени сите проблеми

Британската премиерка Тереза Меј по остварената средба со претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер во белгискиот главен ргад Брисел која што беше фокусирана на Бергзит изјави дека средбата помина продуктивно и дека е постигнат напредок.

Меј истакна дека е постигнат напредок во преговорите за Брегзит т.ј. излезот на Велика Британија од ЕУ, но дека не се решени сите проблеми.

Велејќи дека остварената средба со Јункер беше корисна од аспект на „усмерување“ на екипите кои ги водат преговорите за Брегзит, Меј рече: „Постигнавме напредок, меѓутоа не се решени сите проблеми. Се надевам дека нашите преговарачки екипи ќе можат да ги решат овие проблеми.“

Британската премиерка Тереза Меј напомена дека во сабота повторно ќе замине за Брисел каде што ќе оствари уште една средба со Јункер.

„Ќе разговараме за тоа како ќе го окончаме овој процес на начин што ќе биде во сечија полза.“ - рече Меј.

Минатата недела беше постигнат договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија во нацртот на текстот на договорот за Брегзит т.ј. разделба или одделување на Велика Британија од Унијата, составен од 585 страници; меѓутоа преговорите во врска со политичката декларација со која ќе бидат определени односите во иднина, продолжуваа.

Во меѓувреме, Брисел се подготвува во недела да биде домаќин на специјалниот Самит за Брегзит на кој ќе учествуваат лидерите на Европската унија (ЕУ).

Така се очекува лидерите да го потпишат нацрт договорот за разделба и воедно да ја прифатат „политичката декларација“ со која ќе се определи врската која што ќе биде изградена во иднина меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија.



Слични вести