Матис: САД ќе формираат набљудувачки пунктови на северната граница на Сирија кон Турција

Џејмс Матис истакна дека поради легитимните грижи на Турција во однос на терористичката закана која што произлегува од Сирија, САД ќе формираат набљудувачки пунктови на неколку места во должина на северната граница на Сирија кон Турциј

1092662
Матис: САД ќе формираат набљудувачки пунктови на северната граница на Сирија кон Турција

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис се состана со новинарите во секретаријатот за одбрана (Пентагон) и направи проценка на низа прашања.

Матис истакна дека поради легитимните грижи на Турција во однос на терористичката закана која што произлегува од Сирија со Асадовиот режим, САД ќе формираат набљудувачки пунктови на неколку места во должина на северната граница на Сирија кон Турција.

Тој напомена дека Бешар Асад со поддршка и на Русија и Иран врши масакр во својата земја и дека ја распарчи земјата.

„Турција, како земја на НАТО која граничи со Сирија има безброј причини поради кои што би била загрижена. Не дека не ги земаме за сериозни ниту едната од тие грижи. На неколку места во должина на северната граница на Сирија ќе формираме набљудувачки пунктови, бидејќи во најмала рака кога ќе согледаме нешто кое што произлегува од просторите на нашето делување сакаме да ги предупредиме Турците за тоа. По ова прашање сме во блиска соработка со Турција. Се советуваме со Турција по ова прашање. И армијата и министерството за надворешни работи се советуваат со нив. Ќе се обидеме да ја следиме секој вид закана која би се појавила и која ќе ја уочиме.“ - рече Матис.

Велејќи дека пунктовите кои што ќе бидат формирани ќе бидат означени со тоа што ќе се забележат и дење и ноќе, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис го рече следното: „Ќе разговараме доста со турската армија од спротивната страна на граница. Ќе бидат формирани пунктови кои што ќе бидат мошне јасно означени и дење и ноќе. На тој начин Турците јасно ќе видат каде се наоѓаме ние.“



Слични вести