Во самоубиствен напад во главниот град на Авганистан, Кабул загинаа 50 лица

Авганистанското министерство за здравство соопшти дека во самоубиствен напад во Кабул на една сала каде што се организираше мевлуд, по повод одбележувањето на раѓањето на Пејгамберот Хазрети Мухамед (а.с.) животот го загубија 50 лица, а 85 лица се ранети

1091874
Во самоубиствен напад во главниот град на Авганистан, Кабул загинаа 50 лица

Во самоубиствен напад на една верска церемонија, мевлуд во главниот град на Авганистан Кабул, животот го загубија 50 лица.

Авганистанското министерство за здравство соопшти дека во извршен самоубиствен напад на еден салон за време на една верска церемонија, мевлуд по повод одбележувањето на раѓањето на муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) на патот кон аеродромот во главниот град Кабул, животот го загубија 50 лица, а 85 лица се ранети. 

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека самоубиствен напаѓач ја експлодирал бомбата на себе за време на организирање на мевлуд на кој учествувале голем број верски личности и ученици.

Портпаролот на авганистанското претседателство Харун Чахансури истакна дека претседателот Ешреф Гани го осуди нападот и прогласи национална жалост во земјата.

 



Слични вести