Трамп: САД нема да се откажат од склучените трговски договори со Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека неговата земја нема да се откаже од склучените трговски договори со Саудиска Арабија

1092355
Трамп: САД нема да се откажат од склучените трговски договори со Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа даде ијзава за новинарите во врска со односите помеѓу САД и Саудиска Арабија.

Трамп истакна дека нема да се откажат од склучените трговски договори со Саудиска Арабија.

Велејќи дека САД ќе ги продолжат склучените трговски договори со оваа земја, Трамп рече: „Нема да се откажеме од стотици милијарди долари. Ако се откажеме цените на нафтата ќе го достигнат врвот.“

Американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека самиот лично нема одредени трговски односи со Саудиска Арабија и рече: „Не ми е гајле, Саудиска Арабија нема одредена врска со мене. Од оваа земја купуваат стотици милијарди долари производи.“

Велејќи дека доколку не и се продава воена опрема и оружје на Саудиска Арабија властите во Ријад своите потреби можат да ги обезбедат од Русија и Кина, Трамп го подвлече следното: „Русија и Кина ќе бидат многу, многу радосни поради таквата состојба.“



Слични вести