Трамп го смени мислењето: Саудискиот престоплонаследник можеби знаел за убиството на новинарот

Американскиот претседател Доналд Трамп воедно го смени своето досегашно мислење и истакна дека саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман можеби знаел за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

1092019
Трамп го смени мислењето: Саудискиот престоплонаследник можеби знаел за убиството на новинарот

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавеното писмено соопштение во врска со односите со Саудиска Арабија истакна дека американските разузнавачки служби продолжуваат да прават проценка на информациите во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Трамп привлече внимание кон трговските односи на двете земји и укажа на тоа дека помеѓу Вашингтон и Ријад се склучени договори за инвестирања на рекордно ниво. 

Тој убиството на Кашикчи го окарактеризира како „многу лоша работа“ и застана во одбрана на тоа дека САД фрлија остри чекори во врска со ова убиство.

Американскиот претседател Доналд Трамп воедно го смени своето досегашно мислење и истакна дека саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман можеби знаел за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Меѓутоа Трамп и покрај оваа негова изјава во врска со убиството, Тој ја даде пораката дека САД сакаат да го продолжат непоколебливото непотресното партнерство со Саудиска Арабија.

 



Слични вести