Гаранција од Столтенберг до ЕУ: НАТО продолжува да е камен темелник на безбедноста на Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Северно-атлантската договорна оганизација (НАТО) продолжува да е камен темелник на безбедноста на Европа

1091862
Гаранција од Столтенберг до ЕУ: НАТО продолжува да е камен темелник на безбедноста на Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред Советот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) во белгискиот главен град Брисел на кој ќе се состанат министрите за одбрана на земјите членки на Унијата даде изјави за печатот.

Столтенберг истакна дека Северно-атлантската договорна оганизација (НАТО) продолжува да е камен темелник на безбедноста на Европа.

Привлекувајќи внимание на односите кои што се развиваат меѓу НАТО и Европската унија (ЕУ), Столтенберг укажа на тоа дека НАТО и ЕУ ја зголемуваат соработката во поморската одбрана и против хибридните и сајбер заканите.

Јенс Столтенберг истакна дека ги дочекува со задоволство иницијативите на Европа во сферата на одбраната и дека овие иницијативи ќе овозможат и НАТО да стане посилна.

Тој рече: „Отворено реков дека иницијативите на Европа за одбрана не треба да бидат алтернатива и повторување на НАТО. НАТО продолжува да е камен темелник на безбедноста на Европа.“  

Укажувајќи на тоа дека по напуштањето на Велика Британија на Европската унија (ЕУ) 80 отсто од одбранбените трошоци на НАТО ќе се обезбедуваат од земјите на НАТО кои не се членки на Унијата, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: "Не би можеле да го изоставиме  значењето на географијата. Норвешка на север, Турција на југ и САД и Велика Британија на запад се многу значајни за безбедноста на Европа."

 



Слични вести