Во напад со возило-бомба во Тикрит, Ирак загинаа 5 лица, а 16 лица се ранети

Нуман ел-Џубури, надлежен во Полициската дирекција на Тикрит, истакна дека во еден кварт во центарот на градот беше извршен напад со возило натоварено со бомби во кој загинаа 5 лица, а 16 лица се ранети

1090407
Во напад со возило-бомба во Тикрит, Ирак загинаа 5 лица, а 16 лица се ранети

Во реализиран напад со возило натоварено со бомби во градот Тикрит, во Ирак загинаа 5 лица, а 16 лица се ранети.

Нуман ел-Џубури, надлежен во Полициската дирекција на Тикрит, истакна дека во еден кварт во центарот на градот беше извршен напад со возило натоварено со бомби.

Велејќи дека местото на нападот е земено под безбедносен обрач и дека е започаната истрага, Џубури напомена дека одговорноста за нападот засега не ја презеде никој, меѓутоа додаде дека за одговорна се смета терористичката организација ДЕАШ чии акции во последно време се интензивирани во земјата. 

Инаку, и покрај тоа што ирачки воени функционери во декември 2017 година прогласија дека заврши военото присуство на терористичката организација ДЕАШ во земјата, оваа терористичка организација со посредство на своите ќелии кои мируваат, повремено продолжува да реализира терористички напади во Мосул, Салахадин, Анбар и Киркук и тоа особено против безбедносните сили и цивилното население.

 



Слични вести