Песков: Гасоводот Турски тек ќе обезбеди вистински придонес за енергетската безбедност на Европа

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека проектот на гасоводот Турски тек ќе обезбедува вистински придонес за енергетската безбедност на Европа

1090609
Песков: Гасоводот Турски тек ќе обезбеди вистински придонес за енергетската безбедност на Европа

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков даде изјави за телевизискиот канал Росија-1 во врска со проектот на гасоводот Турски тек за кој што рече дека ќе обезбеди вистински придонес за енергетската безбедност на Европа.

Велејќи дека проектот Турски тек не претставува популистички приод за енергетската безбедност на Европа, Песков рече: „Тоа претставува вистински придонес за енергетската безбедност. Бидејќи по мошне кусо време овој гас нема да оди само во Турција, нема да придонесе за развојот само на турската економија, туку ќе оди понапред, ќе оди и до европските потрошувачи.

Дмитриј Песков напомена дека голем број земји го поставуваат на дневен ред прашањето за продолжување на гасоводот Турски тек за да поминува и низ нив, а воедно рече дека некои од тие земји конкретно се распрашуваат, а некои алудираат на тоа.

Инаку, по повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводот Туркси тек кој што поминува под Црното Море денеска во Истанбул со присуство и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се одржува церемонија.

Гасоводот Турски тек преку кој рускиот природен гас ќе се транспортира во Турција и во Европа ќе се состои од две линии (траси) поставени под Црното Море од кои секоја ќе биде со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри годишно и ќе биде со дожина од 930 километри.

Преку првата линија (траса) се предвидува да се испорачува гас за Турција, а преку втората за европските земји.

Изградбата на гасоводот која што започна во 2015 година се има за цел да биде целосно завршена во 2019 година.

 



Слични вести