Германија донесе забрана за влез за 18 лица поврзани со убиството на новинарот Кашикчи

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас изјави во Брисел дека неговата земја донесе забрана за влез за 18 лица поврзани со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

1091048
Германија донесе забрана за влез за 18 лица поврзани со убиството на новинарот Кашикчи

Германија донесе забрана за влез за 18 лица поврзани со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во главниот град на Белгија Брисел каде што отпатува за состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) даде изјави во врска со убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги).

Мас соопшти дека поради сомневање за поврзаност со убиството е донесена забрана за патување во Германија за 18 саудиски државјани.

Сепак внимание привлече тоа што на оваа листа со забранети лица не се наоѓа името на саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман.

Мас напомена дека германската влада е во блиска комуникација со Франција и Англија по прашањето на Кашикчи (Кашоги) и дека по ова прашање би можеле да се фрлат и други чекори.

Не беа дадени информации во врска со имињата на лицата за кои е донесена забрана за патување изнесувајќи ги притоа како причина  законите за тајност на Германија.

Инаку, Главното јавно обвинителство на Истанбул соопшти дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е убиен на 2 октомври во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул каде што отиде за да земе документ за венчавка.

Потоа како резултат на растечките меѓународни притисоци и Саудиска Арабија потврди дека Кашикчи (Кашоги) е убиен во зградата на генералниот конзулат во Истанбул.

 



Слични вести