Бројот на жртвите во пожарите во Калифорнија, во САД се искачи на 76 лица

Кори Хонеа, шерифот на регијата Бут, истакна дека од пожарот на едно место за кампување во северниот дел на Калифорнија се извлечени посмртните останки на уште две изгорени лица со што бројот на жртвите од пожарите се зголеми на 76 лица

1090228
Бројот на жртвите во пожарите во Калифорнија, во САД се искачи на 76 лица

Бројот на загинатите во пожарите кои што ја зафатија сојузната држава Калифорнија, во САД, се искачи на 76 лица.

Кори Хонеа, шерифот на регијата Бут, на одржаниот состанок за претставниците на печатот истакна дека од едно место за кампување во северниот дел на Калифорнија се извлечени посмртните останки на уште двајца изгорени лица со што бројот на жртвите во пожарите се зголеми на 76 лица.

Хонеа рече дека се уште не можат да се добијат информации од приближно 1.300 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги посети областите погодени од пожарите во сојузната држава Калифорнија.

Пожарите кои што продолжуваат во северните делови на сојузната држава Калифорнија и се проширени на површина од приближно 750 квадратни километри, воедно претворија во пепел и повеќе од 11 илјади куќи и други  објекти.

Надлежни соопштуваат дека и во пожарите кои што продолжуваат во јужните делови на сојузната држава сериозно се оштетени приближно 450 куќи.

Меѓу оние чии куќи беа зафатени од пожарите на југот се наоѓаат куќи и на светски познати ѕвезди.

Така меѓу познатите личности чии куќи целосно изгореа или беа оштетени се шкотскиот актер Џерард Батлер, пејачката Мајли Сајрус, глумецот Скот Баио, режисерот Гилјермо дел Торо, реалити шоу ѕвездата Ким Кардашијан, потоа актерката Алиса Милано и актерот Реин Вилсон.

 



Слични вести