Билансот на жртвите од циклонот Гаџа во Индија се искачи на 46 лица

Според вестите објавени во индискиот печат, биле пронајдени мртвите тела на уште 6 лица во циклонот кој што ги погоди крајбрежните делови на провинцијата Тамил Наду со што билансот на жртвите од циклонот се искачил на 46 лица

1090790
Билансот на жртвите од циклонот Гаџа во Индија се искачи на 46 лица

Бројот на жртвите во циклонот Гаџа кој ги зафати јужните делови на Индија се зголеми на 46 лица.

Според вестите објавени во индискиот печат, биле пронајдени мртви тела на уште 6 лица во циклонот кој што ги погоди крајбрежните делови на провинцијата Тамил Наду.

На тој начин билансот на жртвите од циклонот се искачи на 46 лица.

Како што се истакнува од погоденото подрачје биле евакуирани повеќе од 80 илјади лциа.

Премиерот на провинцијата Тамил Наду Едапади К. Паланисвами го посети погоденото подрачје од циклонот.

Паланисвами рече дека ќе им се достави секој вид помош на загрозените и оштетените.

Поради циклонот не може да се доставува електрична енергија на голем број домови во погоденото подрачје.

 

 



Слични вести