Билансот на жртвите од пожарите во Калифорнија, во САД се зголеми на 74 лица

Кори Хонеа, шерифот на регијата Бут, на одржаниот состанок за претставниците на печатот истакна дека се уште не можат да се добијат информации од над илјада лица

1089896
Билансот на жртвите од пожарите во Калифорнија, во САД се зголеми на 74 лица

Бројот на загинатите во пожарите коишто ја зафатија сојузната држава Калифорнија, во САД, се зголеми на 74 лица.

Според веста на „СНН“; Кори Хонеа, шерифот на регијата Бут, на одржаниот состанок за претставниците на печатот истакна дека се уште не можат да се добијат информации од над илјада лица.

Пожарите кои што продолжуваат во северните делови на сојузната држава Калифорнија и се проширени на површина од приближно 750 квадратни километри, воедно претворија во пепел и повеќе од 11 илјади куќи и други  објекти.

Надлежни соопштуваат дека и во пожарите кои што продолжуваат во јужните делови на сојузната држава сериозно се оштетени приближно 450 куќи.

Меѓу оние чии куќи беа зафатени од пожарите на југот се наоѓаат куќи и на светски познати ѕвезди.

Така меѓу познатите личности чии куќи целосно изгореа или беа оштетени се шкотскиот актер Џерард Батлер, пејачката Мајли Сајрус, глумецот Скот Баио, режисерот Гилјермо дел Торо, реалити шоу ѕвездата Ким Кардашијан, потоа актерката Алиса Милано и актерот Реин Вилсон.

Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп вчера (сабота) ја посети сојузната држава Калифорнија каде што ќе се состане со загрозените, т.ј. лицата кои беа подложени на влијанието на пожарите.



Слични вести