ЦИА: Наредбата за убиството на Кашикчи ја издал саудискиот престолонаследник принцот бин Салман

Како што се тврди, американската Централна разузнавачка агенција ЦИА дошла до заклучок дека наредбата за убиството на Кашикчи (Кашоги) ја издал саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман

1089679
ЦИА: Наредбата за убиството на Кашикчи ја издал саудискиот престолонаследник принцот бин Салман

Во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е изнесено уште едно ново тврдење.

Како што се тврди, американската Централна разузнавачка агенција ЦИА дошла до заклучок дека наредбата за убиството на Кашикчи (Кашоги) ја издал саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман.

Весникот „Вашингтон пост“ објави веста во која ослонувајќи се на анонимни лица напиша: „ЦИА, дојде до заклучок дека наредбата за атентат врз Кашикчи (Кашоги) ја издал принцот бин Салман.“

Во проценките на ЦИА за кои што надлежни велат дека се со висока доверливост, се истакнува дека ова е најуочливата констатација досега со која што Мухамед бин Салман се поврзува со убиството и дека тоа ги вовлече во тешка состојба напорите на управата на Трамп за да ги сочува своите односи на Бин Салман. 

Како што се наведува, ЦИА до еден ваков заклучок дошла со испитување на голем број разузнавачки извори меѓу кои се наоѓа и телефонскиот разговор на амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон и воедно брат на престолонаследникот принцот бин Салман, Халид бин Салман со убиениот новинар Кашикчи (Кашоги).

Според тврдењата, во преслушаниот разговор од страна на амерканското разузнавање амбасадорот Халид бин Салман му рекол на Кашикчи да оди да ги земе своите документи од Генералниот конзулат во Истанбул и дека тоа ќе биде безбедно за него.

Надлежни истакнуваат дека не знаат дали Халид знаел за убиството, но дека е сигурно тоа оти Тој овој разговор го остварил по инструкција на престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман.

Портпаролката на Амбасадата на Саудиска Арабија во Вашингтон Фатимах Баешех пак, наведе дека амбасадорот Халид не водел било каков разговор со Кашикчи во однос на тоа да оди во конзулатот и дека таквите заклучоци на ЦИА се „погрешни“.

Во меѓувреме, еден американски функционер во дадената изјава за американската новинска агенција АсошиетедПрес (АП) рекол: „Надлежните за разузнавање на САД дојдоа до заклучок дека наредбата за  убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја издал престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман.“

Портпаролот на саудиското главно јавно обвинителство Шелан еш-Шелан завчера изјави дека во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги) е побарано смртна казна за 5 лица. 

На едно поставено прашање во врска со улогата и информираноста на престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман за убиството, портпаролот Шелан истакна дека принцот не поседувал никакви информации во врска со доделувањето на една таква задача и дека му бил доставен погрешен извештај во врска со случувањата во конзулатот.

 



Слични вести