Изјава од Трамп во врска со испораката на челникот на ФЕТО Фетулах Ѓулен

Во врска со испорачувањето на челникот на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура (ФРТО/ПДЈ) Фетулах Ѓулен, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека тоа не е нешто кое што се разгледува моментално

1089894
Изјава од Трамп во врска со испораката на челникот на ФЕТО Фетулах Ѓулен

Американскиот претседател Доналд Трамп на излегување од Белата куќ им се обрати на новинарите.

Одговарајќи на едно поставено прашање во врска со испорачувањето на челникот на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура (ФРТО/ПДЈ) Фетулах Ѓулен, Доналд Трамп истакна дека тоа не е нешто кое што се разгледува моментално.

Трамп рече: „Тоа не е нешто кое што го разгледуваме моментално. Ние гледаме што можеме да направиме за Турција, а и за другите земји со кои стоиме добро. Ние имаме убави спомени со Турција. Многу добро се разбираме со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, тој ми е другар.Тој е моќен, тежок и паметен човек.  Искрено, тоа го правиме за сите земји со кои имаме добри односи.“



Слични вести