Сочувствата за убиениот Кашикчи ќе се примаат од петок-денеска до недела во неговата куќа во Медина

Синот на убиениот Кашикчи, Салах Кашикчи (Салах Кашоги) објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во кое напиша: „Сочувствата за покојниот Џемал Кашикчи од петок ќе се примаат до недела во неговата куќа во Медина.“

1088943
Сочувствата за убиениот Кашикчи ќе се примаат од петок-денеска до недела во неговата куќа во Медина

Почнувајќи од денеска во неговата куќа во Медина ќе се примаат сочувствата за саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој беше жртва на ѕверско убиство на 2 октомври во генералниот конзулат на неговата земја во Истанбул.

Синот на убиениот Кашикчи (Кашоги), Салах Кашикчи (Салах Кашоги) објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во кое напиша: „Сочувствата за покојниот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) од петок ќе се примаат до недела во неговата куќа во Медина.“ 

Ова соопштение на семејството на убиениот Кашикчи за посетите за сочувство, беше објавено по состанокот за претставниците на печатот што го одржа портпаролот на главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија Шелан еш-Шелан вчера во главниот ргад Ријад, а во врска со истрагата за убиството на Кашикчи.

Портпаролот Шелан на одржаниот состанок за претставниците на печатот вчера ги сподели резултатите од истрагата во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој беше жртва на ѕверско убиство на 2 октомври во генералниот конзулат на неговата земја во Истанбул.

Тој рече: „Телото на Кашикчи (Кашоги) било исечено на парчиња во конзулатот (генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул) и така било изнесено надвор.“

Велејќи дека наредбата за формирање на екипата од чија страна беше убиен Кашикчи (Кашоги) била донесена од страна на поранешниот заменик шеф на саудиското разузнавање Ахмед ел-Асири, а наредбата за убиството била издадена од страна на шефот на екипата, портпаролот на главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија Шелан еш-Шелан рече: „Во случајот со убиството на Кашикчи (Кашоги) е побарано смртна казна за 5 лица.“



Слични вести