Сирискиот режим и неговите поддржувачи ги продолжуваат нападите врз цивилните населени места

Режимските сили и странските терористички групи поддржани од Иран реализираат напади со тешко оружје врз цивилните населени места во подрачјето исчистено од тешкото оружје согласно постигнатиот компромис од Сочи

1089353
Сирискиот режим и неговите поддржувачи ги продолжуваат нападите врз цивилните населени места

Режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи странските терортистички групи и покрај постигнатиот договор од Сочи за зачувување на прекинот на огнот ги продолжуваат нападите врз цивилните населени места во границите на областа за намалување на затегнатоста во градот Идлиб.

Режимските сили и странските терористички групи поддржани од Иран реализираат напади со тешко оружје врз цивилните населени места во подрачјето исчистено од тешкото оружје согласно постигнатиот компромис од Сочи, кое инаку се наоѓа во границите на областа за намалување на затегнатоста во Идлиб. 

Асадовиот режим и неговите поддржувачи синоќа и утрово реализираа топовски напади врз селата Латамне, Марекеве, Зијара и Сирманије во северниот дел на градот Хама и врз Туркменската планина кај градот Латакија.

Засега не е познато дали има загинати или ранети во овие напади. 

Инаку, во режимските напади кои што се реализираат од постигнатата спогодба во Сочи на 17 септември помеѓу Турција и Русија досега загинаа вкупно 25 цивили, а десетици цивили се ранети.

Во период кога продолжуваат нападите на режимските сили, вооружените опозиционери пак согласно постигнатиот компромис од Сочи на 10 октомври го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во подрачјето на градот Идлиб.

 



Слични вести