Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 40 припадници на безбедносните сили

Потпретседателот на градскиот совет во Фарах Хаир Мухамед Нурзеј истакна дека талибанските милитанти синоќа извршиле напад на воената база во населеното место и дека го заплениле целото оружје и муницата во воената база

1088783
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 40 припадници на безбедносните сили

Во напад на талибанските милитантни на воена база во населеното место Бала Булук во провинцијата Фарах во западниот дел на Авганистан загинаа 40 припадници на безбедносните сили.

Потпретседателот на градскиот совет во Фарах Хаир Мухамед Нурзеј истакна дека талибанските милитанти синоќа извршиле напад на воената база во населеното место и дека го заплениле целото оружје и муницата во воената база.

Нурзеј истакна дека воената база преминала во рацете на организацијата.

Нурзеј рече дека во вооружениот судир Талибанците претрпеле големи загуби.

Во објавеното соопштение од Талибан се тврди дека нападот бул извршен со помош на 6 војници кои биле поврзани со организацијата.

 



Слични вести