Средба на Помпео со катарскиот министер за одбрана Атије во Вашингтон

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт истакна дека државниот секретар Мајк Помпео во Вашингтон имаше средба со катарскиот министер за одбрана Халид Бин Михамед ел-Атије кој воедно ја извршува и должноста заменик премиер

1088376
Средба на Помпео со катарскиот министер за одбрана Атије во Вашингтон

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се состана со министерот за одбрана на Катар Халид Бин Михамед ел-Атије во Вашингтон со кого разговараа за билатералните и регионалните односи.

Во објавеното писмено соопштение од страна на портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт, се вели дека Помпео и катарскиот министер за одбрана Халид Бин Михамед ел-Атије кој воедно ја извршува и должноста заменик премиер, се состанаа во Стејт департментот.

Во соопштението се вели следното: „Министерот Помпео и катарскиот заменик премиерн уште еднаш ја потцртаа приврзаноста кон силните билатерални односи помеѓу двете земји и ставија акцент на тоа дека проширувањето на стабилноста е од заеднички интерес.

Се истакнува дека на средбата беше нагласено значењето да се работи за да се достигне до Централноисточен сојуз во склопот на Советот за заливска соработка.

Освен тоа се вели дека на средбата помеѓу Помпео и Атије било разговарано за работите за проширување на на американската воздушна база Ел-Удејд во Катар и за последната состојба во врска со американско-катарскиот состанок за стратешки дијалог.

Катарскиот министер за одбрана и заменик премиер Халид Бин Михамед ел-Атије вчера во Вашингтон во Пентагон имаше средба и со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

 



Слични вести