Џефри: За формирање на Уставотворната комисија во Сирија до крајот на годината е одговорна Русија

Специјалниот претставник на американскиот државен секретаријат Џејмс Џефри истакна дека за формирање на Уставната комисија во Сирија до крајот на годината е одговорна Русија

1088509
Џефри: За формирање на Уставотворната комисија во Сирија до крајот на годината е одговорна Русија

Специјалниот претставник на американскиот државен секретаријат Џејмс Џефри на одржаниот состанок за претставниците на печатот во Стејт департментот се осврна на последната ситуација во Сирија.

Џефри истакна дека за формирање на Уставотворната комисија во Сирија до крајот на годината е одговорна Русија.

Тој напомена дека цел на САД е паралелно на донесената одлука на четворниот самит за Сирија што се одржа на 27 октомври во Истанбул, а на кој учествуваа Турција како домаќин, Русија, Франција и Германија, е до крајот на годината во Сирија да се формира Уставотворната комисија. 

Џејмс Џефри рече: „За исполнување на ветувањето за формирање на Уставотворната комисија во Сирија до крајот на годината е одговорна Русија и се надеваме дека ќе го искористи своето влијание во регионот за да го принуди режимот во Дамаск да седне на маса.“

Инаку, на 27 октомври во Истанбул се одржа четворен самит за Сирија со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

На овој четворен самит беше разговарано за последните случувања посветени на сирискиот спор, регионалната и глобалната безбедност која што произлегува од овој спор и заедничките грижи пред ризиците и заканите насочени против стабилноста и формирањето на Уставотворната комисија до крајот на 2018 година.

 



Слични вести