Во италијанскиот град Палермо заврши конференцијата за Либија

По конференцијата, домаќинот италијанскиот премиер Џузепе Конте и специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе одржаа заеднички состанок за претставниците на печатот

1087448
Во италијанскиот град Палермо заврши конференцијата за Либија

Во италијанскиот град Палермо заврши меѓународната конференција за Либија која што траеше два дена, по што  италијанскиот премиер Џузепе Конте и специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе одржаа заеднички состанок за претставниците на печатот. 

Домаќинот, италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека му се придава значење на учеството на сите страни во Либија и рече: „6 милиони луѓе во Либија се на страната на одржување избори и не можеме да чекаме повеќе за да се оствари тоа. Со Либија имаме економски и културни врски. Затоа се чувствуваме себе си за одговорни. Не треба да се залажуваме, меѓутоа треба да го кажеме и тоа дека е дојдено до значајна фаза по прашањето на воспоставувањето на мирот во Либија.

Велејќи „Решението во Либија не може да се наметне од надвор“, Конте напомена дека Италија и меѓународната заедница треба да помогнат за да се формира регуларна армија во оваа земја.

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе исто така истакна дека конференцијата за Либија  ја оценува за успешна и рече: „Беше фрлен значаен чекор за да му се донесе мир, безбедност и просперитет на либискиот народ. Либискиот народ заслужува подобар живот од оној што го живее сега.“

Велејќи дека страните во Либија кои учествуваа на конференцијата доставија сериозно ветување за воспоставување на стабилноста во земјата, Саламе додаде дека благодарение на Палермо е олеснето одржувањето и на националната конференција за која што е планирано да се одржи во јануари во Либија.

 



Слични вести