Хамас оставката на Либерман ја оцени како „Политичка победа на Газа“

Портпаролот на Хамас Сами Ебу Зухри на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: "Оставката на Либерман претставува политичка победа на Газа која со својот цврсто исправен став успеа да создаде политички потрес ка

1088003
Хамас оставката на Либерман ја оцени како „Политичка победа на Газа“

Хамас, оставката на израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ја окарактеризира како "Политичка победа на Газа".

Портпаролот на Хамас Сами Ебу Зухри во соопштението кое што го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: "Оставката на Либерман претставува политичка победа на Газа која со својот цврсто исправен став успеа да создаде политички потрес кај окупаторите."

Ебу Зухри, воедно истакна дека тоа претставува исповед за поразот и одраз на слабост пред палестинскиот отпор. 

Инаку, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман по одржаниот состанок со своите помошници во својата Партија "Израел, нашиот дом" (Јисраел Беитеину) одржа прес-конференција на која ја соопшти својата оставка.

Либерман упати остри критики против политиката на владата кон Газа и рече: "Прекинот на огнот (постигнат вчера меѓу палестинските групи и Израел), нема никакво значење освен предавање пред терористите."

 



Слични вести