Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, денес поднесе оставка од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ден откако беше постигнат договорот за прекин на огнот во Газа, помеѓу палестинските групи на отпорот и Израел

1087992
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка

Се доживува вистински потрес во Израел кој во текот на последните три дена ја бомбардира Газа.

Во последните израелски напади врз Газа како и во воздушните напади и обидот за атентат од страна на израелските специјални сили, животот го загубија уште 14 Палестинци.

Меѓународната заедница покажа реакција против властите во Тел Авив. 

По сиве овие случувања пак, пристигна оставката на израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

Либерман, денес поднесе оставка од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ден откако беше постигнат договорот за прекин на огнот во Газа, помеѓу палестинските групи на отпорот и Израел.

Авигдор Либерман на одржаната прес-конференција како причина за оваа негова оставка го наведе договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и катарските средства за Газа која се наоѓа под блокада.

„Она што ние го правиме како земја е купување краткорочен молк по цена на долгорочна безбедност. Не се согласувам да се дозволи влез на катарски пари во Газа, а морав да го дозволам тоа само откако премиерот го објави.“

Партијата „Израел, нашиот дом“ под водство на екстремно десничарскиот политичар Авигдор Либерман кој во 2016 година беше назначен за министер за одбрана, располага со 5 пратенички места во израелскиот Парламент, Кнесетот.

Владината коалиција составена од 6 партии има вкупно 66 пратенички места.

Така со оставката на Либерман бројот на пратенички места на владината коалиција на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе опадне на критична граница, односно на 61.

Коалиционата влада за да може да добие доверба во израелскиот Парламент, Кнесетот, со вкупно 120 пратенички места, треба да располага со најмалку 61 пратеничко место. 

Поради сетоа тоа сега се говори дека по ваквиот развој би можела да западне во опасност коалиционата влада на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху и да се распушти Кнесетот, а потоа да се оди на предвремени избори во Израел. 

 



Слични вести