Гутерес ги повика сите страни да покажат максимална воздржаност во однос на случувањата во Газа

„Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес ги следи одблизу последните случувања во Газа и дека упати повик до сите страни да покажат максимална воздржаност“ соопшти Фархан Хак, еден од портпаролите на Гутерес

1086615
Гутерес ги повика сите страни да покажат максимална воздржаност во однос на случувањата во Газа

Фархан Хак, еден од портопаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, во објавеното писмено соопштение истакна дека генералниот секретар Гутерес ги следи одблизу последните случувања во Газа и дека упатил повик до сите страни да покажат максимална воздржаност.  

Хак рече дека специјалниот координатор на Обединетите нации (ОН) за Блискоисточниот мировен процес Николај Младенов работи одблизу со Египет и со сите инволвирани страни, за воспоставување на спокојството. 

Во меѓувреме, израелската армија продолжува да го бомбардира Појасот Газа, а палестинските групи продолжуваат да одговараат на израелските напади со истрелување на ракети.

Израелската армија соопшти дека од синоќа досега од Газа биле истрелани повеќе од 300 ракети од кои поголемиот дел паднале на ненаселени места.

Освен тоа, израелската армија вчера соопшти дека во отворениот оган од Газа кон спротивната страна на границата бил погоден еден автобус.

Кусо време по отворениот оган на автобусот израелски воени авиони започнаа воздушен напад врз Газа, додека од Газа кон областите со еврејски населби во близина на границата беа истрелани голем број ракети.

Израелската армија истакна дека од синоќа досега во Газа се погодени над 70 цели на Бригадите Касам и на Исламски Џихад.

Во овие напади загинаа четворица Палестинци, а 8 Палестинци беа ранети.

Поради истреланите ракети од Газа кон израелската страна пак загина еден Израелец, а еден беше ранет.



Слични вести