Во Париз со комеморации одбележана 100-годишнината од крајот на Првата светска Војна

Францускиот претседател Емануел Макрон во говорот што го одржа на комеморациите потсети дека договорот за примирје беше потпишан пред точно 100 години и дека за време на војната во Европа животот го загубија 10 милиони луѓе и 6 милиони беа ранети

1085747
Во Париз со комеморации одбележана 100-годишнината од крајот на Првата светска Војна
fransa anma toreni.jpg
fransa anma toreni1.jpg
fransa anma toreni2.jpg
fransa anma toreni3.jpg

Вчера во главниот град на Франција Париз беа одржани комеморации во знак на одбележување на 100-годишнината од потпишувањето на Договорот за примирје со што беше ставено крај на Првата светска војна.

Претседателите и премиерите на 80 држави и претседателите на меѓународни организации меѓу кои беше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Елисејската палата беа пречекани од страна на францускиот претседател Емануел Макрон.  

На комеморациите кои што се одржаа пред Споменикот на незнајниот јунак кај Триумфаната порта на улицата Шанзелизе присуствуваа лидери од голем број земји меѓу кои и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, потоа македонскиот претседател Ѓорге Иванов и други лидери и значајни гости.

Претседателот Ердоган и другите лидери кои чекореа пред Триумфалната порта го зазедоа своето место на „Претседателската трибина“ од каде што ги следеа комеморациите.  

Претседателот Ердоган беше придружуван од страна на неговата сопруга Емине Ердоган.

Францускиот претседател Емануел Макрон во говорот што го одржа на комеморациите потсети дека договорот за примирје беше потпишан пред точно 100 години и дека за време на војната во Европа животот го загубија 10 милиони луѓе и 6 милиони беа ранети.    

Велејќи „За време на војната Европа во текот на 4 години се обиде да изврши самоубиство“, Макрон напомена дека Франција е поборник за право и слобода.

Тој изрази загриженост дека „старите ѓаволи“ би можеле повторно да се појават и рече: „Новите идеологии манипулираат со религиите. Историјата се заканува со продолжување на трагичниот тек.“

По говорот на францускиот претседател Емануел Макрон,  беше  изведена популарната оркестарска композиција на францускиот композитор Жосеф Морис Равел „Ле Болеро“, кој инаку почина во 1937 година.

По комеморациите претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и другите лидери присуствуваа на ручекот што од страна на францускиот претседател Емануел Макрон беше приреден во Елисејската палата.

Претседателот Ердоган потоа се врати од Франција во земјата.

 



Слични вести