Во напад на талибанските милитанти во Газне во Авганистан загинаа најмалку 25 лица

Портпаролот на Полициската управа на Газне Ахмад Хан Сират истакна дека во реализиран напад од страна на талибанските милитанти во провинцијата Газне во Авганистан загинаа 25 лица од кои 10 војници, а 14 лица од кои 6 војници и 8 цивили се ранети

1086293
Во напад на талибанските милитанти во Газне во Авганистан загинаа најмалку 25 лица

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти во населеното место Џагури во провинцијата Газне во Авганистан загинаа 25 лица од кои 10 војници, а 14 лица од кои 6 војници и 8 цивили се ранети.

Портпаролот на Полициската управа на Газне Ахмад Хан Сират истакна дека во реализиран напад од страна на талибанските милитанти во населеното место Џагури во провинцијата Газне во Авганистан загинаа 25 лица од кои 10 војници, а 14 лица од кои 6 војници и 8 цивили се ранети.

Пратеникот на градскиот совет на Газне Халикдад Акбари пак истакна дека во нападот загинаа 27 војници.

Акбари наведе дека цивилните загуби во нападот изнесуваат повеќе од 20 лица и напомена дека во областа каде што е извршен нападот нема доволни безбедносни сили.

Во објавеното соопштение од Талибан пак се тврди дека по нападот биле земени под контрола 5 станици и дека биле убиени 22-јца војници.

Во меѓувреме, и во реализиран самоубиствен напад меѓу група демонстранти во главниот град на Авганистан Кабул, според првични претпоставки загинаа 6 лица.

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш истакна дека напаѓачот влегол меѓу насобраните кои одржувале протест во близина на претседателската палата и ја активирал бомбата што ја носел на себе.

Даниш рече дека притоа во самоубиствениот напад загинале 6 лица, а 10 лица биле ранети.

 



Слични вести