Републиканците го зачуваа мнозинството во Сенатот, а Претставничкиот дом премина на Демократите

Граѓаните на САД гласаа на меѓуизборите за Конгресот на кои според прелиминарни и неофицијални резултати Републиканците го зачуваа мнозинството во Сенатот, а надвласта во Претставничкиот дом премина на Демократите

1083131
Републиканците го зачуваа мнозинството во Сенатот, а Претставничкиот дом премина на Демократите

Според неофицијални резултати на меѓуизборите за избор за членови на двата дома на Конгресот на САД, Републиканците го зачуваа мнозинството во Сенатот, а надвласта во Претставничкиот дом премина на Демократите.

Граѓаните на САД гласаа на меѓуизборите на кои беа избрани сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100-те членови на Сенатот. 

Според прелиминарните и неофицијални резултати кои што се објавуваат од страна на американските медиуми, Републиканската партија во Сенатот составен од вкупно 100 сенатори има освоено 50 сенатори. Согласно системот во САД поради тоа што потпретседателот Мајк Пенс се смета за претседател на Сенатот Републиканците го загарантираа мнозинството.

На меѓуизборите за избор на новите 435 членови на Претставничкиот дом пак засега според прелиминарните и неофицијални резултати Демократите имаат 195 претставници, а Републиканците 181 пратеник. Според досега соопштените резултати Демократите освоиле 24 пратенички места од рацете на Републиканците.

Ненси Пелоси, која е повторно избрана од редовите на Демократската партија за пратеничка на Претставничкиот дом од сојузната држава Калифорнија и е актуелен лидер на Претставничкиот дом го изјави следното: „Тоа не е прашање на Демократите и Републиканците, туку е прашање на повторно ставање во примена на Уставот во САД против управата на Трамп.“

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ја побара по телефон Ненси Пелоси и и честита по повод освоената надвласт на Демократите во Претставничкиот дом.

Трамп во врска со изборите за Конгресот споделија објава и на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во која во направената проценка за нецелосните резултати напиша „Извонреден успех“.

Внимание привлече тоа што и покрај тоа што надвласта во Претставничкиот дом премина во рацете на Демократите, републиканскиот претседател на САД Доналд Трамп добиените резултати ги оцени за успешни.

Од друга страна, Рашида Тлаиб од палестинско потекло која на изборите учествуваше од сојузната држава Мичиген и Илхан Омар од сојузната држава Минесота успеаја да станат првите жени муслиманки членови на Претставничкиот дом.

 



Слични вести