Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 30 погранични полицајци

Милитанти на Талибан реализираа напад на една погранична полициска станица во провинцијата Фарах во заапдниот дел на Авганистан во кој загинаа 30 погранични полицајци, а 20 погранични полицајци се земени во заложништво

1082752
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 30 погранични полицајци

Во реализиран напад од страна на милитанти на Талибан на пограничната станица кај населеното место Пуш Кох во провинцијата Фарах во западниот дел на Авганистан загинаа 30 припадници на пограничната полиција, а 20 погранични полицајци се земени во заложништво.

Гувернерот на Пуш Кох Абдул Хаким Нури истакна дека милитанти на Талибан извршиле напад на полициската станица кај населеното место.

Велејќи дека притоа во нападот загинале 30 погранични полицајци, а 20 погранични полицајци биле земени во заложништво од страна на организацијата, истиот висок авганистански функционер напомена дека полициската станица преминала под контрола на милитантите на Талибан. 

Во објавеното соопштение од Талибан се тврди дека била запленета голема количина оружје и муниција во пограничната полициска станица.



Слични вести