Трамп: Санкциите врз трговијата со нафта на Иран ќе ги прошириме со текот времето

Не сакам да дојде до пораст на цената на нафтата

1082165
Трамп: Санкциите врз трговијата со нафта на Иран ќе ги прошириме со текот времето

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека санкциите врз трговијата со нафта на Иран ќе ги прошират со текот на времето.

Во изјавата за печатот во дворот на Белата куќа, Трамп рече дека целината на санкциите и трговијата со нафта на Иран треба да се вреднуваат посебно.

Трамп рече дека зазеле многу силен и остар став против Иран. Започнавме најсилни санкции против Иран до денес, но во врска со нафтата сакаме да бидеме малку побавни, бидејќи не сакам да дојде до пораст на цената на нафтата.

САД ќе следи претпазлив став во врска со цената на нафтата најави Трамп, потенцирајќи дека тоа нема врска со Иран. Ако сакаме, извозот на нафта на Иран веднаш можеме да го сведеме на нула. Но тогаш ќе дојде до шок на пазарите. Не сакам да дојде до нагло зголемување на цената на нафтата.

Од друга страна пак американскиот државен секретар Мајк Попмео во врска со санкциите врз Иран на профилот преки твитер објави порака на арапски.

Помпео во пораката истакна дека САД е во солидарност со иранскиот народ. Најголемиот цех на 40 годишната лоша економија и корумпираност го плати иранскиот народ. Спротивно на реторикте на режимот на Иран, санкциите не ги опфаќаат храната, прехранбените, земјоделските производи, лековите и медицинската опрема.

САД вчера повторно почна да ги спроведува санкциите врз Иран кои ги укина во 2015 година со постигнувањето на нуклеарниот договор и во тие рамки ја започна втората фаза на санкции врз енергетскиот, финансискиот и секторот на бродски транспорт.



Слични вести