18 месечно бебе во Нов Зеланд спасено од страна на рибарите

Најпрвин помислив дека е кукла. Кога го фатив за рацете, сеуште мислев дека е кукла

1082481
18 месечно бебе во Нов Зеланд спасено од страна на рибарите

18 месечното бебе во Нов Зеланд кое се оддалечи од кампот во кој престојуваше со семејството и падна во океанот беше спасено од страна на рибарите.

Според веста на новозеландскиот весник Нзералд, 18 месечното бебе кое се оддалечи од кампот на крајбрежјето Матата на Северниот остров, од страна на еден рибар беше пронајдено во океанот.

Рибарот Гус Хут кој тргна на риболов во океанот рече:

Во морето видов нешто. Најпрвин помислив дека е кукла. Кога го фатив за рацете, сеуште мислев дека е кукла. Но кога почна да плаче, дури тогаш сфатив дека е вистинско бебе. Фала му на господ беше живо и се спаси.



Слични вести