Во 6 одделни експлозии во ирачкиот главен град Багдад загинаа 8 лица, а 16 лица се ранети

Хатем ел-Џабири, потпоручник во полициските сили во Багдад истакна дека се случиле експлозии на 6 одделни места во главниот град во кои животот го загубиле 8 лица, а 16 лица биле ранети

1081326
Во 6 одделни експлозии во ирачкиот главен град Багдад загинаа 8 лица, а 16 лица се ранети

Во експлозии во одделни делови на главниот град на Ирак Багдад животот го загубија 8 лица, а 16 лица се ранети.

Хатем ел-Џабири, потпоручник во полициските сили во Багдад истакна дека се случиле експлозии на 6 одделни места во главниот град.

Велејќи дека две експлозии се случиле на плоштадот Аден и во квартот Шуле во северозападниот дел на Багдад, Џабири рече дека во овие експлозии животот го загубиле 3 лица, а 6 лица биле ранети.

Џабири истакна дека експлозии се случиле и во квартовите Даде, Мештел и Хабибије во источниот дел на главниот град Багдад и дека во случајот во Хабибије експлодирала бобма поставена во еден минибус.

Во овие три експлозии загинале 5 лица, а 7 лица биле ранети.

Џабири додаде дека освен тоа при експлозија на бомба во близина на еден купопродажен центар во квартот Турас во источниот дел на главниот град Багдад биле ранети 3 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите за кои станува збор, додека потпоручникот Хатем ел-Џабири укажа на тоа дека терористичките напади биле реализирани од страна на терористичката организација ДЕАШ.

Инаку, ирачката управа во Багдад во декември 2017 година соопшти дека сите територии во земјата се заземени од рацете на терористичката организација ДЕАШ, меѓутоа оваа терористичка организација повремено со посредство на своите ќелии кои што мируваат продолжува да реализира крвави напади во различни делови во оваа земја.

 



Слични вести