Помпео: Ќе ги процесуираме убијците на Кашикчи и ќе ги задржиме стратешките односи со С. Арабија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави за ТВ каналот „Фокс Њуз“ дека ќе се побара сметка од убијците на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), но дека неговата земја ќе ги продолжи стратешките односи со Саудиска Арабија

1081528
Помпео: Ќе ги процесуираме убијците на Кашикчи и ќе ги задржиме стратешките односи со С. Арабија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео даде значајни изјави за телевизискиот канал „Фокс Њуз“ кој се оценува за близок со американската управа, а во врска со саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој беше убиен на свиреп начин во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Помпео истакна дека ќе се побара сметка од убијците на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), но дека неговата земја ќе ги продолжи стратешките односи со Саудиска Арабија.

Тој рече: „Ќе ги пронајдеме и ќе ги процесуираме оние кои го извршија убиството. Во исто време ќе ги задржиме стратешките односи на САД со Саудиска Арабија. Стејт департментот ги продолжува активностите поврзани за случајот со убиството.“

Велејќи дека се укинати визите и е донесена забрана за влез во земјата за 16 лица за кои се смета дека се поврзани во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги), Помпео го нагласи значењето на односите помеѓу САД и Саудиска Арабија против експанзионистичките политики на Иран.

Инаку и американскиот претседател Доналд Трамп претходно од една страна истакна дека би можела да се воведе санкција против Саудиска Арабија, а од друга го даде знакот дека не сака да ги расипе односите со оваа земја.

Судискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка и потоа беше изгубена секаква трага од него и не можеа да се добијат никакви информации од него.

Потоа минатата недела, Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул соопшти дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) бил убиен  според однапред подготвен план со тоа што веднаш штом влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул најпрвин бил задавен, а потоа неговото тело било распарчено и уништено.


 



Слични вести