Мистура: Подготвувањето на новиот устав ќе ја забрза повторната изградба на Сирија

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефабн де Мистура истакна дека завршувањето на процесот на подготвување на новиот устав во Сирија ќе ја забрза повторната изградба на оваа земја

1081441
Мистура: Подготвувањето на новиот устав ќе ја забрза повторната изградба на Сирија

Специјалниот претставник на Обнединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура говореше на состанокот на тема „Механизмите на формирање на државите и општествата по војните и судирите“ што се одржа во египетскиот град Шарм ел-Шеик, а во рамките на Светскиот младински форум.

Притоа Мистура истакна дека завршувањето на процесот на подготвување на новиот устав во Сирија ќе ја забрза повторната изградба на оваа земја.

Правејќи проценка на ситуацијата во Сирија Стефан де Мистура истакна дека голем број европски земји располагаат со волја да дадат поддршка на повторната изградба на оваа земја и предвиде дека земјите за кои станува збор наместо да ги држат сириските бегалци на своите територии, ќе ја претпочитаат оваа опција.

Инаку, на неодамнешниот четворен самит посветен на Сирија што се одржа на 27 октомври во Истанбул беше нагласено значењето на долгорочниот мир во Сирија и беше упатен повик за формирање на комитет за подготвување на новиот устав на оваа земја до крајот на годината.

На четворниот самит посветен на Сирија што се одржа во Истанбул учествуваа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

 



Слични вести