САД ќе ослободат 8 земји од санкциите врз Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека 8 земји ќе бидат ослободени од санкциите коишто се спроведуваат врз Иран

1080690
САД ќе ослободат 8 земји од санкциите врз Иран

САД ќе ослободат 8 земји од санкциите коишто се спроведуваат врз Иран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека 8 земји за привремено ќе бидат ослободени од санкциите коишто се спроведуваат врз Иран.

Во дадената изјава во врска со санкциите врз Иран коишто ќе бидат ставени во примена на 5 ноември, Помпео рече: "Се враќаат сите санкции кои беа укинати во 2015 година."

Беше истакнато дека од санкциите врз Иран ќе бидат ослободени 8 земји, меѓутоа не беа соопштени имињата на тие земји.

Како што се вели ослободувањето од санкциите ќе трае кусо време.

 



Слични вести