Во нападите на Асадовиот режим на југот на Идлиб загинаа најмалку 10 цивили, а десетици се ранети

Во топовските напади на Асадовиот режим и проиранските странски терористички групи на Џерџенез и месноста Темениа како и на селата Сукејк и Тух на југот на градот Идлиб животот загубија најмалку 10 цивили, а десетици цивили се ранети

1080492
Во нападите на Асадовиот режим на југот на Идлиб загинаа најмалку 10 цивили, а десетици се ранети

Во реализирани напади на југот на градот Идлиб во Сирија од страна на Асадовиот режим и странските терористички групи негови поддржувачи животот го загубија најмалку 10 цивили, а десетици цивили се ранети.

Асадовиот режим и проиранските странски терористички групи од времето за клањање на петочниот Џума намаз реализираат напади со тешко оружје врз цивилните населени места во границите на Идлиб „Областа за намалување на затегнатоста“ и областа исчистена од тешкото оружје (демилитаризираната зона) согласно постигнатиот компромис од Сочи. 

Во топовските напади на Џерџенез и месноста Темениа како и на селата Сукејк и Тух на југот на градот Идлиб животот загубија најмалку 10 цивили, а десетици цивили се ранети.

Инаку, во реализираните напади од страна на сирискиот режим од постигнатиот компромис во Сочи на 17 септември помеѓу Турција и Русија, животот го загубија вкупно 19 цивили.

Режимските сили продолжуваат со топовските напади врз руралните подрашја на градот Латакија, југот на градот Идлиб, западниот дел на градот Алепо и врз селата северно и западно од градот Хама.

Сириските опозиционери согласно постигнатиот компромис во Сочи на 10 октомври го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во наведените области.



Слични вести