Трамп: (Саудијците) Не ме изневерија мене, меѓутоа можеби се изневериле себеси

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со саудиските функционери, по убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), рече: „Не ме изневерија мене туку тие се изневерија себеси.“

1079295
Трамп: (Саудијците) Не ме изневерија мене, меѓутоа можеби се изневериле себеси

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа даде изјава за претставниците на печатот во врска со актуелниот дневен ред.

Во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) Доналд Трамп беше запрашан за тоа што мисли по прашањето на тоа дали Саудиска Арабија го изневерила и одговори со зборовите: „Не ме изневерија мене, се надевам дека сето тоа ќе се разреши. Пред нас има голем број факти и ги разгледуваме сите нив. Тие (Саудијците) не ме изневерија мене, меѓутоа можеби се изневериле себеси. Ќе видиме како ќе се реши оваа работа.“

Од друга страна, заменик-портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино на брифингот што се одржа во Стејт департментот пред исклучени камери исто така направи проценка на ситуацијата по прашањето на убиството на Кашикчи (Кашоги), по последната изјава која што пристигна вчера од Републичкиот главен јавен обвинител на Истанбул Ирфан Фидан.

Паладино рече: „Ние како САД продолжуваме да собираме информации во врска со убиството. Освен тоа го повторуваме нашиот повик за спроведување на транспарентна истрага по ова прашање. Ние сме во постојана комуникација и со саудиската управа.“

Велејќи дека САД ги продолжуваат разговорите со турските и саудиските функционери, заменик-портпаролот на Стејт департментот Роберт Паладино го додаде и следното: „Во меѓувреме и ние продолжуваме да собираме информации. Тоа каков чекор ќе фрлиме во иднина е поврзано со податоците со кои што ќе се стекнеме.“

Инаку, Републличкото главно јавно обвинителство на Истанбул вчера вечер објави соопштение во кое го истакна следното: „Жртвата Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е убиен на 2 октомври 2018 година со тоа што бил задавен веднаш штом влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка и тоа според однапред подготвен план. Неговото мртво тело исто така според однапред подготвен план било распарчено и уништено.“


 



Слични вести