Пронајдена црната кутија на срушениот индонезиски патнички авион

Црната кутија на авионот која била пронајдена од страна на нуркачи на индонезиските поморски сили на длабочина од 30 метри во морето во близина на Караванг каде што се урна овој авион, им била предадена на надлежните оддели за анализа

1079525
Пронајдена црната кутија на срушениот индонезиски патнички авион

Пронајдена црната кутија на патничкиот авион од типот Боинг 737 МАКС 8 со код на лет ЈТ 610 во сопственост на Авиокомпанијата Лион кој кусо време пред полетувањето од индонезискиот главен град Џакарта се урна во водите на Јаванското море, во Тихиот Океан.

Според веста на телевизискиот канал „Компас“ црната кутија на авионот која била пронајдена од страна на нуркачи на индонезиските поморски сили на длабочина од 30 метри во морето во близина на Караванг каде што се урна овој авион, им била предадена на надлежните оддели за анализа.

Инаку, со патничкиот авион кој во понеделникот леташе од Џакарта за градот Пангкал Пинанг на островот Суматра 13 минути по полетувањето најпрвин беше изгубена врската, а потоа беше соопштено дека овој авион во кој се наоѓаа вкупно 189 лица, од кои 181 патник и 8 членови на екипажот паднал во водите на Јаванското Море, во Тихиот Океан.

Вчера за време на сонарното скенирање во областа беше соопштено дека на длабочина од 32 метри е утврден предмет во должина од 22 метри за кој што се мисли дека му припаѓа на дел од трупот на срушениот патнички авион.

Надлежни истакнаа дека се обидуваат да добијат слика од изгледот на утврдениот предмет за кој што станува збор.

 



Слични вести