Повик од ОН до Саудиска Арабија да каже каде се наоѓа мртвото тело на новинарот Кашикчи

Во објавеното соопштение од страна на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Бачелет се бара од саудиските функционери да кажат каде се наоѓа мртвото тело на Кашикчи (Кашоги)

1078514
Повик од ОН до Саудиска Арабија да каже каде се наоѓа мртвото тело на новинарот Кашикчи

Обединетите нации (ОН) упатија повик до Саудиска Арабија за приклучување кон истрагата во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и на меѓународни независни експерти.

Во објавеното соопштение од страна на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Бачелет воедно се бара од саудиските функционери да кажат каде се наоѓа мртвото тело на Кашикчи (Кашоги). 

Бачелет во објавеното писмено соопштение убиството на саудискиот новинар Џемал Кишикчи (Џамал Кашоги) го окарактеризира како „шокантно арогантно злосторство“.

Подвлекувајќи дека убиството на Кашикчи (Кашоги) треба да се истражува на непристасен и независен начин, Бачелет нагласи дека исто така и виновниците треба да положат сметка за ова извршено убиство. 

Мишел Бачелет напомена дека кон процесот треба да бидат вклучени и меѓународните експерти за како што рече „селектирање на истрагата од политичките грижи“ и тоа на начин со кој што ќе се обезбеди целосен пристап до доказите и сведоците.

„Со задоволство ги дочекувам чекорите на турските и саудиските надлежни органи во правец на истражувањето на извршителите чии имиња се споменуваат во убиството на Кашикчи (Кашоги).“ - рече Бачелет и привлече внимание дека судската медицина и аутопсијата се „витални елементи“ во обелоденувањето на едно убиство.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Бачелет го подвлече и следното: „Ги повикувам саудиските функционери без задоснување и без да дадат заобиколен одговор да расветлат каде се наоѓа мртвото тело на Кашикчи (Кашоги).“ 

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул од каде што потоа не излезе и беше обелоденето дека таму е убиен од страна на специјален тим кој беше дојден од Саудиска Арабија, специјално за извршување на ова гнасно убиство.



Слични вести