Столтенберг ја повика Русија да се придржува кон Договорот за нуклеарни сили од среден дострел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да се да ги исполни своите обврски од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ)

1078397
Столтенберг ја повика Русија да се придржува кон Договорот за нуклеарни сили од среден дострел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Норвешка каде што се наоѓа за следење на воените маневри „Trident Juncture 18“ (Спој на трoзабец 2018) кои инаку се најголемите воени маневри на Алијансата по периодот на Студената војна, даде изјава за печатот.

Притоа Столтенберг упати повик до Русија да ги исполни своите обврски од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

Нагласувајќи дека Русија со распоредување на ракети со способност за носење на нуклеарна боева глава во Европа го прекршува наведениот договор, Јенс Столтенберг рече: „Ја повикуваме Русија да се придржува кон договорот. Ниту еден договор не може да се одржи со применувањата на само една страна.“ 

Столтенберг напомена дека сите сојузнички земји чувствуваат загриженост од однесувањата на Русија со кои го прекршува договорот.

Потсетувајќи дека на воените маневри на НАТО „Trident Juncture 18“ (Спој на трoзабец 2018) кои се организираат со 29 сојузнички земји и некои партнери на Алијансата, учествуваат 50 илјади војници, 250 авиони, 65 бродови и 10 илјади возила, Столтенберг информира дека воените маневри „Trident Juncture 18“ (Спој на трoзабец 2018) се се одбранбена цел и не се насочени против ниту една земја.

Воените маневри „Trident Juncture 18“ (Спој на трoзабец 2018) кои се одржуваат во Норвешка ќе траат до 7 ноември.



Слични вести