Шојгу: „Европа треба да е свесна што значи и подразбира стационирање на ракети со среден дострел“

Шојгу на ЕУ и НАТО им препорача нашироко да дискутираат за евентуалното стационирање на ракетите со среден дострел во Европа

1077876
Шојгу: „Европа треба да е свесна што значи и подразбира стационирање на ракети со среден дострел“

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ЕУ треба да биде свесна и да ги сфати последиците на евентуалното стационирање на ракетите со среден дострел.

Министерот Шојгу потенцираше дека одвојувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел и евентуалното стационирање на овие ракети во Европа, ќе има последици.

Во изјавата за печатот пред средбата со грчкиот колега Панос Камненос, министерот Шојгу направи проценка на одлуката на САД за одвојување од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел.

Големо интересирање буди реакцијата на Европа во врска со одлуката на САД, рече Шојгу потенцирајќи дека во случај на евентуално стационирање ракети со среден дострел во Европа, треба да бидат свесни и да ги разберат последиците на тоа.

Шојгу на ЕУ и НАТО им препорача нашироко да дискутираат за евентуалното стационирање на ракетите со среден дострел во Европа.

Договорот за нуклеарни сили од среден дострел меѓу САД и европските и сојузничките земји од Далечниот Исток беше потпишан во 1987 година во Вашингтон.

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го раскине наведениот договор кој претставува еден од најзначајните од аспект на намалувањето на заканата од нуклеарна војна во периодот на Студената војна кој беше потпишан со тогашниот Советски Сојуз предизвика голема загриженост.

Трамп во врска со договорот рече: „САД беше страната која што остана приврзана кон договорот и го почитуваше истиот, но за жал Русија не покажа респект кон овој договор, поради што истиот ќе го раскинеме и ќе се повлечеме“.



Слични вести